Трите компании од енергетскиот сектор ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО до Регулаторна комисија за енергетика доставија барања за одобрување регулиран максимален приход. Регулаторот по нив треба да се изјасни до крајот на јуни, по што ќе бидат објавени и цените за малите потрошувачи и домаќинствата, односно за оние што ќе продолжат да набавуваат електрична енергија по регулирани цени. Според очекувањата, цената на струјата нема да претрпи значителни промени. Веднаш потоа снабдувачите на електрична енергија ќе имаат можност во период од четири и пол месеци да излезат со своите конкретни понуди и да привлечат што повеќе корисници во своето портфолио. Имено, од јануари в година околу 71.000 компании и 600.000 домаќинства ќе можат да изберат дали струја ќе добиваат по регулирани цени или ќе ја набавуваат од некој од осумте компании што имаат лиценци за снабдувачи со електрична енергија по цени и услови што тие ќе им ги понудат.
Трите компании од енергетскиот сектор ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО до Регулаторна комисија за енергетика доставија барања за одобрување регулиран максимален приход. Регулаторот по нив треба да се изјасни до крајот на јуни, по што ќе бидат објавени и цените за малите потрошувачи и домаќинствата, односно за оние што ќе продолжат да набавуваат електрична енергија по регулирани цени. Според очекувањата, цената на струјата нема да претрпи значителни промени.
Веднаш потоа снабдувачите на електрична енергија ќе имаат можност во период од четири и пол месеци да излезат со своите конкретни понуди и да привлечат што повеќе корисници во своето портфолио. Имено, од јануари в година околу 71.000 компании и 600.000 домаќинства ќе можат да изберат дали струја ќе добиваат по регулирани цени или ќе ја набавуваат од некој од осумте компании што имаат лиценци за снабдувачи со електрична енергија по цени и услови што тие ќе им ги понудат. „ЕВН Снабдување“ и „Енерџи деливери солушн“ (ЕДС) веќе најавија дека на малите компании ќе им понудат пониски цени од сегашните. Од ЕВН дури најавија и воведување евтина тарифа за оваа категорија потрошувачи приклучена на низок напон (втор степен).
Имено, компаниите досега плаќаа речиси двојно повисока цена на електричната енергија од граѓаните и тоа по единствена тарифа во текот на целиот ден. За сите нив либерализацијата во секој случај ќе донесе пониски цени од сегашните, бидејќи во април РKЕ утврди цени за дистрибуција на електричната енергија за оваа категорија потрошувачи, која е пониска за над 30 отсто од таа што се пресметуваше претходно. Оттаму се очекува дека и цените што ќе им бидат понудени од снабдувачите ќе бидат за толку пониски од досегашните.
Оваа категорија компании ќе има можност до 15 ноември да направи избор дали ќе го смени снабдувачот на електрична енергија од јануари в година. ако тоа не го направи, обврската за нивно снабдување со струја ќе остане во надлежност, како и сега на ЕВН и за нив ќе важат цени што ќе ги утврди регулаторот.
Иако според податоците објавени од Државниот завод за статистика, на крајот на ланската година во Македонија имаше 71.290 активни правни субјекти, сепак се проценува дека не повеќе од 30 отсто од нив ќе бидат заинтересирани да излезат на слободниот пазар, бидејќи огромен дел од регистрираните фирми во суштина работат во станбени објекти (свои домови или станови под кирија) за кои не плаќаат „индустриска“ струја.
Дали либерализацијата на пазарот од јануари ќе донесе пониски цени и за домаќинствата, с`уште е неизвесно бидејќи снабдувачите засега не ги објавуваат понудите за нив.
Единствено од ЕДС неодамна откако почна втората фаза од либерализацијата најавија дека за нив и домаќинствата ќе бидат интересни и оти можеби ќе им бидат понудени пакети со враќање на дневна евтина тарифа.
Уште 20 купувачи на слободен пазар
Уште 20 компании минатата година влегоа во категорија на тие со над 50 вработени и обрт од над 10 милиони евра за кои обврската за набавка на струја на слободниот пазар почна да важи од 1 април. Преносниот систем-оператор (МЕПСО) ја објави новата листа на оваа категорија на компании, која се базира на податоците добиени од Централниот регистар за 2013 година. Тие ќе треба до крајот на идниот месец да склучат договори со некој од снабдувачите или трговците на електрична енергија.
Над 71.000 активни компании
Според податоците од Државниот завод за статистика, во Македонија на крајот на ланската година активни биле 71.290 правни субјекти. Од нив, 4.415 се без ниеден вработен, дури 60.599 имаат од 1 до 9 вработени, 2.989 од 10 до 19 вработени, 1.787 имале од 50 до 249 вработени и 209 компании се со над 250 вработени. Сите тие до 15 ноември можат да одлучат дали ќе одат на слободниот пазар на електрична енергија или ќе продолжат струја да добиваат по регулирана цена.